Телекомуникациската компанија Вип повторно излегува во пресрет на своите корисници за побрзо и поедноставно дигитално искуство со новата верзија на мобилната апликација Мојот Вип со која корисниците добиваат дополнителна можност за контрола и едноставно управување со услугите што ги користат, стои во соопштението.
Редизајнот на Мојот Вип нуди виртуелен простор во кој корисниците добиваат можност самите да управуваат со своите услуги каде и да се наоѓаат без да одат во продажните салони и без да бараат помош од контакт центарот на Вип.
Корисниците добиваат бесплатна и апликација едноставна за користење со дополнителни корисни содржини како и полесно менаџирање на сметките, увид во сметката, нејзино плаќање, проверка на остварениот сообраќај и искористеноста на пакетите, проверка на состојбата на сметката или на припејд кредитот, проверка на тарифа, договорна обврска или валидност на припејд SIM.
Користејќи го богатото искуството на А1 Телеком Австрија Групацијата чиј член е Вип, апликацијата Мојот Вип е дизајнирана според современите светски трендови и според навиките и потребите на корисниците, а за македонскиот пазар е достапна на македонски, албански и англиски јазик.
Апликацијата Мојот Вип е достапна за корисниците на мобилната телефонија во сите сегменти, пост пејд, при пејд како и деловните корисници и е бесплатна преку Google Play и App Store за поновите верзии на Android и iOS уреди.
Апликацијата Мојот Вип, како што се наведува, е уште еден доказ за посветеноста на компанијата кон дигитализација на процесите што придонесува кон обезбедување на супериорно дигитално корисничко искуство и развој на дигитално општество во целина.