РЖ Институт за оваа година планира добивка од 5,1 милиони денари

50

РЖ Институт планира оваа година да ја заокружи со добивка од 5.187.803 денари, покажува Годишниот производно – финансиски план на компанијата, објавен на Македонска берза.

Во проектираниот биланс на успех, компанијата планира приходи од продажба на производи и услуги во висина од 136.032.000 денари.

Во проектираните приходи од приближно 136 милиони денари, најголемо учество зазема заводот за алуминиум со 48,5 милиони денари, по којшто следи заводот за ПМС со 37,2 милиони денари и заводите за железо и бакар со проектирани приходи 28,6, односно 21 милиони денари. Проектираните приходи од извршени услуги се на ниво под еден милион денари.