Фото: Laythmahdi.com
Дизајнерот Лаит Махди од Обединетите Арапски Емирати, инаку по потекло од Ирак, создаде серија вазни и масички изработени од роботи и дизајнирани со помош на алгоритми, пишува Dezeen.
“Идејата беше да се направи нешто што се однесува на луѓето и лесно се препознава, а преку технологијата да се трансформира во нешто поинакво и извонредно“, вели Махди.
Неговите производи претставуваат комбинација од човечки ресурси и алгоритми, а се произведени од страна на роботи.
Првата колекција го носи името Ripple и претставува збирка на вазни и масички од мермер.