Трговците во Турција ќе почнат да ги наплаќаат пластичните кеси

42

Фото: Pixabay

Трговците во Турција треба да почнат да ги наплаќаат пластичните кеси што имаат штетно влијание врз животната средина, со цел да се намали отпадот што не може да се рециклира, пишува агенцијата Анадолија.

Сите трговци, вклучувајќи ги и оние што ги нудат своите производи онлајн, ќе почнат да ги продаваат пластичните кеси по цена од 0,05 долари, од кои еден дел ќе биде наменет за проекти за заштита на животната средина.

Во Турција годишно се користат од 30 до 35 милијарди пластични кеси, што е околу 440 пластични кеси по лице.

Неколку земји, како што се Велика Британија, Германија, Танзанија имаат усвоено слични такви политики.