Непроменети цените на угостителските услуги во декември

37

Цените на угостителските услуги во декември 2018 година, во споредба со ноември 2018 година, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во декември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 2,9%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 2,3%, додека во однос на декември 2017 година има пораст од 1,9%.