Дизелот поевтинува за три, бензините за 2,50 денари

32

Фото: Pixabay

Горивата на полноќ добиваат нови и пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините Еуросупер БС – 95 и БС – 98 поевтинуваат за 2,50 денари, па нивните нови цени ќе бидат 58,50, односно 60,50 денари за еден литар. Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) е пониска за три денари и ќе изнесува 55 денари за литар. Исто така, за три денари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство што ќе се продава по 43,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,227ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 25,949 ден/кг.