Фото: Pixabay
По четири години работа е затворен производниот погон на Swisslion во Босна и Херцеговина, пишува Klix.ba.
“Причините се исклучително од економска природа, односно главна причина за затворање на погонот е неговата финансиска неисплатливост. Имавме огромни транспортни трошоци, бидејќи суровините доаѓаа од Србија, лоша е патната инфраструктура, имаме проблеми со водата и имавме константни трошоци за пречистување на водата“, вели Александар Којовиќ, директор на Swisslion од Требиње.
Според него, производството на сокови ќе биде префрлено во Горњи Милановац во Србија, додека кечапот и мајонезот ќе се произведуваат во Македонија.