CERN планира развој на нов и десет пати посилен акцелератор

42

Фото: Pixabay

Европскиот центар за нуклеарни истражувања (CERN) планира развој на нов акцелератор што е скоро четири пати подолг и десет пати посилен од постоечкиот, пишува BBC.

Овој акцелератор би имал обем од 100 километри, ќе чини меѓу девет и 21 милијарда евра, а ќе почне со работа во 2050 година.

Повеќе од 150 универзитети и научни институции предложија развој на нов акцелератор, како наследник на постоечкиот акцелератор за судир на протони, што почна со работа во 2008 година.