Ресторан во Хрватска нуди бесплатна храна за оние кои не можат да платат

64

Фото: Pixabay

Дваесет и едногодишната Дора Вуксиќ од Хрватска отвори fast food ресторан којшто ќе им подарува храна на оние кои немаат пари да платат, пишува RTL.

Секој кој е гладен е добредојден во овој ресторан, а вработените гарантираат анонимност.

“Поголемиот дел од нив нè бараат по телефон или преку Facebook, имаше десетина повици, но очекувавме повеќе. Луѓето можеби се срамат“, вели Вуксиќ.

Во овој fast food ресторан има четири вработени лица и сите имаат иста минимална плата, вклучувајќи ја и сопственичката Вуксиќ.