Започна грејната сезона со нов правилник од Топлификација

53

15 ти октомври e денот кога и официјално започнува грејната сезона. Оваа грејна сезона се очекува околу 300 објекти, меѓу кои училишта, деловни и станбени згради да останат без греење поради дефекти во внатрешната инсталација.

Според новиот правилник на Топлификација, од следниот месец и оние граѓани кои се откажале од парното, а нивната зграда се уште е приклучена на системот за греење, ќе треба да плаќаат меѓу 8 и 10 денари за квадратен метар.

Инаку за одредбата во која граѓаните се обврзува да плаќаат сметки доколку се исклучени од системот пред неколку години, беше поднесена иницијатива до Уставниот суд за нејзино укинување.

Како мерка за штедење, Топлификација нуди поставување на мерачи на секој радијатор што чинат по околу 50 евра, но само доколку на ова се согласат 80% од станарите.

Грејната сезона ќе трае до 15 април, наредната година.