Фото: Enjoyrobotics.com
Кафуле во Будимпешта ангажира роботи што можат да сервираат храна и пијалаци, да кажуваат шеги, да играат со децата или да разговараат со гостите, пишува Reuters.
Станува збор за Enjoy Budapest Café, отворено од страна на ИТ компанијата E -Szoftverfejlesztő, е опремено со цел тим на роботи.
Роботите келнери се движат по означена патека за да им донесат храна и пијалаци на гостите, кои се замолени да не им пречат на патот. Некои роботи служат за забава, како што е Pepper, којшто разговара со гостите, а може и да танцува со нив.
Иако постои став дека роботите би можеле да им ја земат работата на луѓето, тоа не случај во ова кафуле.