Во текот на април 2013 година е забележан најголем пораст на бројот на патници на аеродромите во Република Македонија од почетокот на годината, информираше вчера Министерството за транспорт и врски.
На Скопскиот и Охридскиот аеродром заедно регистрирани се вкупно 76.653 патници, што претставува пораст на бројот на патници за 12,3% во однос на истиот месец минатата година.
На аеродромот Александар Велики во Скопје во текот на април 2013 година биле регистрирани вкупно 74.381 патник, а на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид биле регистрирани 2.272 патници.
По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови и бројот на компании кои оперираат на нови дестинации.
Во соопштението се додадава дека дополнително зголемување на бројот на патници е овозможено и со имплементирањето на Проектот на владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај, со што се овозможија нови директни летови до голем број дестинации по поволни цени за патниците.