Фото: Pixabay
TypingDNA, дигитална платформа за безбедност од Романија, доби финансиска поддршка од 1,5 милиони долари од инвестициониот фонд GapMinder и други инвеститори од САД и Велика Британија, пишува Romania Insider.
Овој старт – ап развива безбедносни решенија врз основа на навиките за пишување на корисникот. Планирано е финансиската поддршка да ја искористи за развој на решенија за спречување онлајн измами.
TypingDNA беше основан од страна на двајца романски претприемачи, Раул Попа и Кристиан Тамас. Стартапот и претходно доби финансиска поддршка од Gecad ventures и неколку локални инвеститори.