Фото: Simone Post
Холандската дизајнерка Симон Пост создаде серија на теписони од рециклирани Adidas патики за потребите на продажниот салон на компанијата во Париз, пишува Dezeen.
Патиките се едни од најтешките предмети за рециклирање од причина што се составени од повеќе различни материјали, цврста и мека пластика, метали, различен тип на текстил споени со многу силен лепак.
За процесот да биде поедноставен дизајнерката соработуваше со германската компанија за рециклирање на чевли I:CO. Тие прецизно ги одвоија различните компоненти од патиките, а резултатот беше ситен прав од текстилот, посебен слој од мека и посебен од тврда пластика.
Од нив Пост потоа ги креираше теписоните, коишто од далеку изгледаат како црно сиви ленти, типични за логото на Adidas, но одблизу се забележуваат и многуте бои кои се инкорпорирани во дизајнот.