Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје од 2018 година

25

Фото: Pixabay

Откупот и продажбата на земјоделски производи , во последното тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 10,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14,1%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 4,6%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските растенија, фуражните растенија, овошјето, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот и млекото, а намалување е забележано кај: градинарските растенија, живината и јајцата, млечните производи и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во октомври и декември, додека во ноември е забележано намалување на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи.