Град во Италија ќе им плаќа на жителите да одат на работа со велосипед

47

Фото: Pixabay

Италијанскиот град Бари ќе има плаќа на оние жители кои на работа ќе одат со велосипед, пишува The Local.

Градоначалникот на Бари, Антонио Декаро, планира двојно да го зголеми бројот на велосипеди во градот оваа година. Оние кои на работа или училиште ќе патуваат со велосипед, ќе добијат 20 центи за поминат километар, максимум 25 евра месечно за поминати 125 километри.

“Со возење велосипед ќе може и да заработите, освен што ќе имате корист за вашето здравје“, изјави градоначалникот Декаро.

Како дел од овој проект може да учествуваат 1.000 жители на Бари. Нивните велосипеди ќе добијат уред за следење, што ќе ја евидентира должината на патувањето, што ќе биде потребно за да се направи пресметка на месечната исплата.