Размислувате за сопствен бизнис, но сепак сте неодлучни. Потребно ви е повеќе време, поточни податоци или пак можеби ја чекате потребната доза на смелост за да се впуштите во претприемачка авантура.
Пред вас се неколку факти, односно мудри изреки, коишто произлегле од оние искусните кои веќе си обезбедиле свое место во бизнис светот.
Ако не водите никој нема да ве следи. Затоа, бидете човек од доверба, човек кој сака да помогне.
Ако немате контрола над бизнисот, не го поседувате. Бидете флексибилни, но држете ги конците во свои раце.
Прв приоритет треба да ви бидат ресурсите на компанијата. На секој можен начин заштите ги луѓето и средствата со коишто работите.
Планирањето е подготовка за она што следи, а не предвидувања за идните случувања. Не правете претпоставки, бидете подготвени за секакви сценарија.
Ако не го рекламирате бизнисот нема ни да го имате. Во ниеден момент не заборавајте дека луѓето треба да знаат за вас.
Пазарот е како воена зона. Секоја компанија има конкуренти. Ако случајно нема, а е успешна за кратко време ќе ги добие.
Не треба само да ја познавате индустријата во којашто работите. Треба да знаете како се води бизнис и да ги практикувате правилата што важат секаде.
Фото: Pixabay