Фото: Pixabay
Бензините од полноќ поскапуваат, додека дизелот ќе се продава по стара цена и следните две недели, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 95 поскапува за половина денар и неговата нова цена ќе биде 62,50 денари. Новата цена на Еуросупер БС – 98 е повисока за еден денар и ќе изнесува 64,50 денари за еден литар. Цените на дизелот (60 денари за литар) и екстра лесното масло за домаќинство (48,50 денари) остануваат непроменети.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,107 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.02.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 32,228 ден/кг.