Фото: Facebook
Жителите на Квинсленд, Австралија, од први март, ќе може да додаваат емотикон на регистарските таблички, пишува BBC.
Ваквата опција ќе чини малку повеќе, а ќе служи само за декорација. Исто така, дозволени се само неколку видови на “смајли“. Изборот е ограничен на “смајли“ што гласно се смее, што намигнува, со очила за сонце, со срциња наместо очи и класичниот насмеан емотикон.
Овие симболи нема да служат за идентификација на автомобилите, туку таа функција и понатаму ќе ја имаат бројки и букви.