Долгоочекуваниот Model 3 на Tesla достапен за 35.000 долари

48

Фото: Tesla

Еден од најочекуваните автомобили на Tesla, Model 3, пуштен е во продажба по цена од 35.000 долари, стои во соопштението на компанијата.

Според Tesla, електричниот автомобил има опсег од 354 километри и максимална брзина од 209 километри на час. Иако цената е помала, возилото ја има истата безбедност како и претходните верзии.

Продажбата на Model 3 ќе биде само онлајн, а возилото првично ќе биде достапно во САД. Ќе може да се нарача веднаш и да се врати во рок од седум дена, доколку корисникот не е задоволен, а платениот износ се враќа во целост.

Во следните месеци, компанијата ќе затвори повеќе продажни места, оставајќи само неколку, каде што има голема фреквенција на сообраќај, да функционираат како галерии и информативни места.