Статистика: 1,61% слободни работни места во последното тримесечје од оваа година

19

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,61%.

Највисока стапка на слободни работни места има во секторот Преработувачка индустрија 2,34%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде што изнесува 0,34%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,83%.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,83%.

Најголем број слободни работни места, односно 2.105, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.