Бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар

44

Горивата од полноќ добиваат повисоки цени што ќе важат за следните две недели, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините поскапуваат за два денари, па така еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 64,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 66,50 денари за еден литар.

Новата цена на дизелот Еуродизел (Д-Е V) ќе биде повисока за еден денар и ќе изнесува 61 денар. За еден денар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) и ќе чини 49,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,619 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 32,847 ден/кг.