Некои компании едноставно умеат кандидатите за работа да ги направат збунети и несигурни во себе. Сепак, доколку подобро се размисли на трик прашања, како на следниве подолу, се даваат и креативни трик одговори.
Има 25 коњи и пет тркачки патеки. Колку трки треба да се направат за да се одберат најдодбрите пет коњи?
Аналитичар за деловни операции во Google
Имате неограничена количина на вода и два сада, еден од три литри, друг од пет. Како ќе измерите четири литри вода?
Инженер за развој на софтвер во Амазон
Што ќе направите ако вашиот претпоставен е веќе на пат за Германија, каде што има многу важен состанок, а презентацијата ја заборавил дома?
Извршен асистент McKinsey & Company
Три пријатели со различни плати треба да го пресметаат просекот на нивните примања, без да откријат меѓусебно колку плата земаат. Како тоа да го направат?
Развивач на софтвер во Bloomberg L.P.
Кој е точниот агол што го формираат стрелките на часовникот кога истиот покажува 9:30?
Соработник во Bain & Company
Како ќе измерите колку тежи Земјината топка?
Менаџер за производи во Facebook
Што би направиле ако откриете дека некој краде?
Соработник за продажба во Best Buy
На скала од еден до 10 колку сте конфронтирачки тип?
Проект менаџер за имплементација во Epic Systems Corporation
Фото: Pexels