На трговците во Црна Гора им се забранува да работат во недела

53

Фото: Pexels

Властите во Црна Гора ги усвоија измените на Законот за внатрешна трговија, според кои на трговците на големо и мало им се забранува да работат во недела и за празници, пишува Investitor.me.

“Објектите неопходни за непречено функционирање на општеството се изземени од ова правило. Ова е позитивна вест за околу 37.000 вработени во трговијата“, стои на владиниот Twitter профил.

Оттаму сметаат дека ако неделата се прогласи за неработен ден, работодавачите ќе може да ја зголемат продуктивноста, како и да ги намалат трошоците за одржување и редовни трошоци за услуги.

Ова законско решение, како што се наведува, нема да влијае на намалување на бројот на вработени, туку работата би требало рамномерно да се распореди во текот на работните денови, а вработените во трговија да имаат слободен ден, како вработените во други дејности.