Граѓани на Босна и Херцеговина, преку проектот Урбано земјоделство, може да одгледуваат свеж зеленчук и растенија на терасите од нивните домови, пишува Capital.ba.
“Во првата фаза доделивме 50 системи за граѓаните на Сараево, а исто толку се наменети и за граѓаните на Зеница. Вкупно во седум градови во Босна и Херцеговина оваа година ќе поделиме 320 системи, како и расад за зеленчук и зачински и лековити растенија. Станува збор за вертикален систем, што подразбира хидрофонски систем за производство на зеленчук и растенија, а може да се одгледуваат и јагоди“, изјави Лутвија Кариќ, професорка на Земјоделско – прехранбениот факултет во Сараево.
Предност при добивање на ваков систем, којшто целосно е од БиХ, имаат: пензионери, невработени, лица со инвалидитет и лица со посебни потреби.
Граѓаните може да ги одгледуваат зеленчукот и растенијата за свои потреби, но може и да ги продаваат.