Земајќи ги предвид комуникациските потреби на корисниците за што повеќе интернет, телекомуникациската компанија Вип ја најавува најновата промотивна понуда наменета за сите пост пејд корисници на мобилната телефонија со која се овозможува неограничено користење мобилен интернет за омилените социјални мрежи без при тоа да го трошат месечниот интернет предвиден во претплатата, стои во соопштението.
Ова е единствена можност за сите резидентни корисници кои ќе склучат нов или ќе го обноват веќе постоечкиот договор во Vip Neo M тарифниот модел да ги искористат погодностите на новата промоција и бесплатно да го добијатVip Go Social, пакет со неограничен интернет со кој корисниците можат да ги користат омилените социјални мрежи Facebook, Instagram, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp.
“Вип повторно ја докажува својата посветеност за обезбедување најдобра понуда за неограничена комуникација согласно со навиките и потребите на корисниците во дигиталната ера. Со Vip Go Social корисниците можат опуштено да споделуваат фотографии, видеа, да се допишуваат со пријателите, да гледаат и да постираат на инстаграм и фејсбук сторис без притоа да го трошат интернетот вклучен во нивната месечна претплата“, изјави Елена Панова, маркетинг директорка во Вип.
Дополнително, со склучувањето нов договор корисниците добиваат можност да изберат меѓу атрактивните смарт телефонимеѓу кои и Samsung Galaxy J4+ 2018 за 169денари месечна рата.
Сите постоечки корисници, пак, ја добиваат можноста да станат корисници на пакетот Vip Go Social со едноставна активација преку СМС или апликацијата Mojot Vip со месечен надоместок од 199 денари.