Apple ќе соработува со Vox за да понуди претплата за весници и списанија

64

Фото: Pixabay

Технолошкиот гигант Apple ќе соработува со Vox (интернет страница во сопственост на Vox Media) за претплата на читатели на весници и списанија, пишува Bloomberg.

Apple е во процес на пронаоѓање соработници за новата услуга, што е наречена Apple News Magazines, во рамки на компанијата. Apple минатата година ја купи компанијата Texture за да помогне во развој на оваа услуга. Имаат договор за соработка со повеќе од 200 списанија. Texture беше претставена на пазарот во 2010 година и ја освои наградата Best Of (Најдобар) од страна на уредничкиот тим на App Store во 2016 година.

Услугата е дизајнирана да им овозможи на корисниците да се претплатат на пакет списанија и весници за месечна претплата.