Роботи ќе “асистираат” на Олимписките игри во Токио

49

За прв пат во историјата на Олимписките игри, како “асистенти“ на големиот спортски настан, што ќе се одржи следната година, ќе бидат вклучени и роботи.

Роботите коишто ќе бидат произведени од Toyota ќе служат како помагачи на работниците, но и на учесниците во Олимписките и Параолимписките игри, пишува Dezeen.

Јапонскиот производител ќе обезбеди и 16 роботи коишто ќе носат храна и пијалак на трибините, ќе им помагаат на гледачите да си го најдат своето место за седење и ќе информираат во врска со спортскиот настан.

Олимписките игри ќе вклучат роботи за асистенција на луѓето, но и за транспорт. Роботите ќе можат да креваат опрема и останати реквизити и да прикажуваат информации на екрани.

Ќе има и такви што ќе им помагаа на корисниците на инвалидски колички, односно ќе ги носат нивните торби и слично. Специјални “помагачи“ ќе бидат носени од страна на работници на аеродромите, со цел полесно да го траспортираат багажот и опремата на учесниците од авион во автобуси.

Фото: Pixabay