Европската Банка за обнова и развој сака да и помогне на Југоисточна Европа со три милијарди евра кредит

23

Европската Банка за обнова и развој во наредните две години планира да одобри три милијарди евра во вид на кредити наменети за земјите од Југоисточна Европа.

“Овие земји беа беа и се на голем удар на големата економска криза која ја зафати Еврапа и светот и заота им е потребна најитна помош во вид на поволни кредити. Очекувам и другите меѓународни финанските институции да дадат свој придонес”, во разговор за Ројтерс изјавува претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти.

ЕБРД ќе се фокусира на зголемување на активноста на банкарскиот и приватниот сектор, а со самото тоа да се поттикне вработувањето со помош на големи инфраструктурни проекти.

Светската банка сигнализира дека е заинтересирана за планот на ЕБРД и дека е голема веројатноста дека и самата таа ќе учествува во таквиот проект.

Според досегашните пракси на ЕБРД, секое евро кое оваа агенција го инвестирала во просек привлекува додатни 2,6 евра. Па, доколку се остварат прогнозите за доделување на околу три милијарди евра во наредните години на земјите во Југоисточна Европа, тие три милијарди евра за неколку години би требало да пораснат на 15 милијарди евра.