Mom O’Clock – кафуле наменето за мајки и деца

45

Фото: Facebook

Mom O’Clock е името на кафулето наменето за мајки и деца, а отворено е во главниот град на Романија, пишува Romania Insider.

Зад оваа идеја стојат младите претприемачи Оана Боја и Андра Сима. Кафулето, пред сè, е наменето за мајки кои се на породилно отсуство.

Кафулето е дизајнирано за да ги задоволи потребите на младите мајки и нивните деца. Располага со соба со играчки, посебен простор за доење, за одржување часови и слично. Во уредување на кафулето се почитувани сите стандарди за безбедност на бебињата и децата.

Кафулето е инвестиција од 80.000 евра, а неговите основачи очекуваат инвестицијата да ја вратат за две години. До крајот на годината проценуваат прометот да достигне 260.000 евра.

Покрај приходите од кафулето, во план е да се одржуваат различни курсеви, што се наменети за родителите.