Горивата поскапуваат од половина до три денари

62

Фото: Pixabay

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени од половина до три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 95 поскапува за 2,50 денари и ќе чини 68,50 денари, додека бензинот Еуросупер БС – 98 ќе има цена повисока за три денари и ќе се продава по 70,50 денари за еден литар. Дизелот поскапува за половина денар и неговата нова цена ќе биде 61 денар за литар.

За половина денар поскапува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе се продава по 49,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,677 за ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.03.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,375 ден/кг.