Adobe со апликација што ги следи перформансите на автомобилите

127

Компанијата што стои зад Photoshop, Adobe има нова апликација којашто ги следи перформансите на автомобилите, односно како работи моторот/батеријата, дали се во ред кочниците и слично.

Системот функционира со истата платформа како Adobe Analytics, којашто вообичаено се користи за веб страни или на мобилни апликации, пишува Mashable.

Aпликацијата со помош на собрани дијагностички податоци од автомобил, креира контролна табла со информации за начинот на којшто корисникот вози. Возачот притоа гледа како тоа може да влијае на перформансот на автомобилот во реално време и во иднина.

На пример, доколку батеријата има опасност да откаже, возачот ќе биде известен навреме.

Со помош на апликацијата и автомобилските компании ќе имаат детален увид во начинот на којшто возачите управуваат со возилата и какви проблеми произлегуваат од тоа.

Податоците се анонимни, па еден производител ќе може да види кои се најчестите проблеми во одреден град или со одреден модел на автомобил. На овој начин компаниите ќе дознаат што треба да се поправи кај возилата и нивните делови, а благодарение на податоците во реално време ќе се заштедат и пари.

Фото: Pixabay