Холанѓанецот Виби Вакер, по три години патување, вчера конечно ја заврши својата авантура во Сиднеј, Австралија.
Тој заедно со својот со електричен автомобил, наречен Blue Bandit, тргна на 15-ти март од својата родна земја на патување низ светот како дел од иницијативата Plug Me In.
Целта на Вакер беше да ги инспирира и едуцира луѓето да користат електрични автомобили како еден од начините за зачувување на животната средина, пишува The Star.
Тој помина вкупно 1.119 дена и 95.000 километри возејќи се во својот електричен Volkswagen Golf низ 33 земји во светот, од Европа, Блискиот Исток, Индија и Југоисточна Азија.
Попатно на Вакер му помагале странци, нудејќи му сместување и храна, како и полнење на неговиот автомобил.
Фото: Facebook