Фото: Pixabay
Германска Lufthansa започна постапка за продажба на одделот за кетеринг, LSG, што претставува најголем снабдувач со храна во авионите.
“Со овој чекор, поканети се потенцијалните инвеститори да ги поднесат своите понуди“, изјави портпаролот на компанијата, пренесува Reuters.
Lufthansa планира овој оддел да го продаде на стратешки инвеститор во угостителскиот сектор. Се очекува австриски Do&Co и швајцарски Gategroup да достават понуди до Lufthansa.
LSG вработува 35.000 лица и минатата година оствари приходи во висина од 3,2 милијарди евра.