Полета авионот со најголем распон на крилјата што ќе лансира сателити во вселената

43

Двојниот авион, којшто е дело на компанијата Stratolaunch, на ко-основачот на Microsoft, Пол Ален во 2011 година го направи својот прв лет.

Авионот, којшто важи за летало со најголем распон на крилјата, 117 метри, ќе има функција на транспортно средство за лансирање на сателити во вселената. Идејата на производителот е авионот да лета 10 километри во висина пред да ги ослободи сателитите во орбитата.

Доколку проектот се покаже како успешен тоа ќе биде поевтин начин за лансирање на објекти во вселената отколку од досегашното лансирање на ракети од земјата.

Леталото со шест мотори прелета 4.572 метри и достигна брзина од 274 километри на час.

Фото: Stratolaunch,