Фото: Pixabay
Снежните места не се идеални за користење на сончевата енергија, бидејќи соларните панели се прекриени со снег. Но, тим научници од Универзитетот UCLA разви нов уред што може да произведува струја од снегот, пренесува New Atlas.
Уредот го носи името Snow Teng, а користи статички електрицитет за полнење преку размена на електрони. Вакви уреди се користат за добивање електрична енергија од движења на телото, па дури и стапки на подови.
Снегот е позитивно наелектризиран, па кога ќе дојде во допир со материјал со спротивно полнење, овозможува да се извлече енергија од него. По серија тестирања, тимот утврди дека силиконот е најефикасен материјал.
Уредот, што е испечатен со 3D печатач, има слој од силикон прицврстен за електроди. Snow Teng може да се интегрира во соларни панели, па ќе можат да произведуваат електрична енергија дури кога се покриени со снег.
Недостаток на овој уред е тоа што произведува мала количина на електрична енергија.