Intel се откажува од бизнисот со 5G модеми за смартфони

45

Американската технолошка корпорација, Intel повеќе нема да произведува 5G модеми за смартфони, се вели во соопштението на компанијата.

Наместо тоа, производителот ќе ги разгледа можностите за правење на 4G и 5G модеми за персонални сметачи и останати уреди поврзани со интернет.

Компанијата ќе продолжи да инвестира во својата 5G бизнис инфраструктура.

Според извршниот директор на Intel, Боб Свон “веќе нема јасна насока за профитабилност и позитивен исход“ за бизнисот со модеми за смартфони.
Одлуката доаѓа по спогодбениот договор на Apple и Qualcomm за отфрлање на тужбите.

Фото: Pixabay