Apple и Qualcomm решија да им стават крај на милионските тужби

25

Технолошките гиганти Apple и Qualcomm решија да ја “закопаат секирата“, односно да стават крај на сите тековни тужби, пишува BBC.

Со ова се завршува долгата битка вредна милијарди долари за цената на процесорите што телефоните ги користеа за да се поврзат за мобилните мрежи.

Apple го обвини производителот на чипови Qualcomm за преголема цена и наиде на негирање. Спогодбениот договор вклучува исплата на Qualcomm од страна на Apple, но сумата не беше откриена.

Двете компании се согласија за шестгодишно глобално лиценцирање на патенти и Qualcomm да обезбедува делови за Apple во следните неколку години.

Тоа значи дека чиповите на Qualcomm најверојатно повторно ќе се користат во телефоните на Apple. Некои модели на iPhone од 2016 година ги користеа модемските чипови на Intel, а несогласувањата со Qualcomm започнаа во 2017 година.

Фото: Pixabay