Најстариот автомобилски медиум во Македонија Авто Плус по речиси 13 години повторно ги обединува македонските увозници на автомобили на една заедничка смотра на новитетите од нивните брендови.
На 11 и 12 мај, на булеварот Илинденска (од Зоолошка Градина до Пионерски Дом Карпош), Avto Plus Street Show ќе обедини петнаесетина автомобилски брендови коишто ќе презентираат безмалку 100 модели на автомобили, повеќето новитети, а некои и со премиера на нашиот пазар. Ќе можат да се видат и целосно електрични, хибридни и спортски модели, а со нив ќе бидат претставници и на придружната индустрија (гуми, акумулатори, авто галантерија…).
Во сабота на пладне манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, а посетителите ќе можат да се дружат со “убавиците на четири тркала“ до 22 часот.
Во недела настанот ќе продолжи во 10 часот, а ќе заврши околу 17 часот, пишува Авто Плус.Организаторите подготвуваат бројни изненадувања, презентации на нови автомобили на, а кој сака ќе може да направи Тест возење на избор од 20-тина модели.