Nike претстави алатка којашто на корисниците им помага да ги одберат обувките што најдобро ќе одговараат на нивното стапало. Преку скенирање на стапалата со камера од смартфон корисниците ќе можат дома при нарачака или во продавница полесно да го одберат најадекватниот пар на патики.
Според компанијата апликацијата треба да ги реши проблемите со враќањето на купени патики што не е реткост особено кога се нарачуваат онлајн.
Алатката, којашто е дел од веќе постоечка апликација на Nike, користи технологија со зголемена реалност преку која се скенираат димензиите на стапалата.
Препораките за големината се програмираат користејќи вештачка интелигенција, што значи колку повеќе луѓе ја користат толку поточна станува, а добиените информации се користат за да се одбере најсоодветниот пар на патики од каталогот на Nike во сите продажни места.
Фото:Nike