Исланд – место каде што ќе се одгледуваат банани и тропско овошје

138

Фото: Pixabay

Исландскиот архитект Хјордис Сигурдардотир го развива проектот Aldin којшто ќе ги искористува геотермалната енергија за одгледување егзотично овошје, пишува Bloomberg.

Aldin ќе биде сместен во парк во градот Рејкјавик, ќе зафаќа површина од 4.500 метри квадратни, ќе вработува околу 60 лица, а ќе чини околу 37 милиони долари.

Во специјално дизајнирани био – куполи на шест катови, што ќе бидат на и под површината на земјата. Во стаклените куполи ќе се одгледуваат банани и други тропско овошје, но ќе послужат и како своевидна медитеранска оаза во близина на Северниот пол и ќе има задача да го поттикне развојот на туризмот во овој дел од светот.

Секоја купола ќе има различна клима. Најмалата ќе биде наменета за лабораторија, а ќе има и продавници, ресторан, простор за едукација, додека најголемата ќе има површина колку едно фудбалско игралиште.

Се очекува Aldin да привлекува околу 300.000 до 400.000 посетители секоја година, а првите гости ќе може да ги прими за неколку години.