Hyundai инвестира 80 милиони евра во хрватски Rimac Automobili

47

Фото: Facebook

Познатиот хрватски старт – ап Rimac Automobili добива инвестиција вредна 80 милиони евра од петтиот најголем производител на автомобили во светот – Hyundai, пишува Пословни дневник.

Јужнокорејскиот автомобилски бренд со Rimac договорија технолошко партнерство преку коешто во следните шест години на пазарот би можеле да претстават дури 44 сопствени модели на електрични возила.

“Во Hyundai motor group гледам силен инвеститор и технолошки партнер и верувам дека на тој начин ќе зајакне положбата на Rimac Automobili како добавувач на технологија за електропогони за партнери во автомобилската индустрија“, вели Мате Римац, основач и извршен директор на хрватската компанија, што вработува над 500 лица и има годишен промет од околу осум милиони евра.

Hyundai motor инвестира 64 милиони евра, додека неговата поткомпанија, Kia motors вложува 16 милиони евра во Rimac Automobili.