Вработените во McDonalds остануваат на работа

46

945847_10151638746735677_1319857163_n (1)Сите 236 вработени во McDonalds рестораните во Македонија ќе останат на своите работни места.

Ова на вработените им го порача сопственикот на компанијата СЈ, Светозар Јаневски, на средбата иницирана по негово барање, на која присуствуваа и претставници на менаџментот на компанијата која управува со McDonalds франшизата во Македонија.

Вработените беа уверени дека компанијата продолжува со работа и покрај привременото затворање на рестораните, кое настана како последица на околности на кои компанијата СЈ не можеше да влијае.

“Компанијата СЈ, франшиза на McDonalds за Македонија од 1997-ма година, ќе продолжи да бара решение кое ќе ни овозможи повторно да ги отвориме вратите на нашите ресторани, што е можно побрзо. За таа цел, се надеваме на корисни преговори со McDonalds корпорацијата, кои ќе овозможат да продолжи функционирањето на McDonalds франшизата во што досега се инвестирани над 6 милиони евра, што секако ќе биде во интерес на потрошувачите, сите вработени и заедницата”, беше констатирано на состанокот наменет за информирање на сите вработени во McDonalds рестораните во Македонија за новонастаната ситуација.