Имотски, град во Хрватска што се наоѓа во близу границата со Босна и Херцеговина, подига споменик на автомобилот Mercedes, којшто е омилен на неговите жители и претставува симбол за успех на локалната заедница.
Според организаторот на проектот, Иван Топиќ Нота, градот брои речиси 16.000 регистрирани возила од оваа марка, а само тој поседува 13 олд тајмери на Mercedes од коишто четири можат да се возат. Освен тоа, проектот има за цел да постави нов Гинисов рекорд за собирање на најголем број Mercedes – Benz возила на едно место во септември.
Во 60-тите и 70-тите години на минатиот век многу луѓе од руралните средини на Имотски работеле во Западна Германија. Кога доаѓале на посета или се враќале од печалба, пристигнувањето со Mercedes – Benz било знак на успех, пишува Reuters.
Споменикот ќе биде изработен од камен и ќе го претставува моделот Mercedes 115, којшто е многу популарен во градот, а произведен е помеѓу 1968 и 1976 година. Трошокот за споменикот е проценет на 450.000 куни или 67.633 долари.
Фото: Pixabay