Ford отпушта 7.000 работници

42

Американскиот производител на автомобили ќе отпушти 7.000 свои работници до крајот на август.

Според Ford отпуштањата се дел од стратегијата на компанијата да се создаде подинамична и поспособна работна сила, но и да се заштеди на трошоците.

Планот ќе ја намали работната сила на производителот за 10%, а отказите ќе бидат доброволни, но и присилни, пишува BBC.

Од Ford велат дека со ова вклучени се најмногу работници од САД, 2.300, а потегот треба да ги намали годишните трошоци за 600 милиони долари.

Сепак наместо веднаш да го напуштат работното место, компанијата овој пат ќе дозволи работниците да останат уште неколку дена за “достојно да се збогуваат со колегите“.

Фото: Facebook