За две години целосно ќе се забрани употребата на пластични предмети за еднократна употреба

46

Фото: Pixabay

Советот на Европа даде зелено светло за директивите што од 2021 година ќе забрануваат употреба на пластични предмети за еднократна употреба.

“Во модерна економија мора да го намалиме количеството на пластичен отпад и да бидеме сигурни дека ќе рециклираме голем дел од употребената пластика. Повеќе иновативни и одржливи начини на производство ќе донесат нови можности за бизнисите во Европа, ќе ја зголемат нивната конкурентност, ќе овозможат раст и отворање нови работни места“, изјави Јирки Катаинен од Европскиот совет.

Меѓу производите што ќе бидат забранети се прибори за јадење, чинии и сламки. Земји членки на ЕУ, исто така, се залагаат дека ќе достигнат 90% рециклирање на пластичните шишиња до 2029 година, а сите пластични шишиња до 2025 година ќе мора да бидат направени барем 25% од рециклиран материјал.