Чај или кафе… кој напиток е помоќен?

89

Фото: Pixabay

Чајот е најпродаван напиток во светот веднаш зад водата и има предност пред кафето за испиени околу 800 милиони шољи дневно, но производството на кафе е скоро двојно поголемо. Тоа е поради фактот што за една шолја кафе потребни се 10 грама кафе, а за чај само два грама, анализира Biznis i finansije.

Велика Британија е земја во којашто секојдневно се пијат над 165 милиони шолји чај, а еден просечен Британец троши околу 2,2 килограми годишно. Веднаш зад водата, чајот е најзастапен напиток во светот, бидејќи дневно се пијат околу три милијарди шолји чај, наспроти 2,25 милиони шолји кафе.

Глобалниот пазар на чај се проценува на околу 45 милијарди долари, додека оној на кафето “тежи“ околу 100 милијарди долари. Светското производство на кафе достигна 168,05 милиони вреќи од 60 килограми, што е годишен раст од 5,7%.

Истражувањата во САД покажуваат дека над 83% од Американците пијат утринско кафе, додека според податоците на Eurostat, Европската унија годишно увезува скоро три милиони тони кафе, што е 5% во однос на периодот пред 10 години. ЕУ најмногу кафе увезува од Бразил, Виетнам, Хондурас, Колумбија, Уганда, Индија, Индонезија и Перу. Најголем дел од увозното кафе завршува во Германија (37%) и Италија (19%), а зад нив се: Белгија, Шпанија, Франција и Велика Британија.

Податоците, како што се наведува, укажуваат на тоа дека Италија повеќе не е традиционален дом за љубителите на кафе, туку тоа се скандинавските земји, каде што се пие кафе далеку над европскиот просек. Додека светот пие 1,3 килограми кафе по жител, во Финска таа количина е 11,4 килограми, па Исланд со 9,1 килограми, Норвешка со девет килограми, Данска со 8,1 килограми испиено кафе…

Топ пет производители на чај во светот се: Кина (2.473.443 тони), Индија (1.325,050 тони), Кенија (439.857 тони), Шри Ланка (349.699 тони) и Виетнам (260.000 тони).

Топ пет производите на кафе во светот се: Бразил (3.702.600 тони), Виетнам (1.770.000 тони), Колумбија (852.000 тони), Индонезија (612.000 тони) и Етиопија (450.000 тони).