Фото: Pixabay
Без оглед на широкото теориско знаење стекнато на некој од престижните универзитети, некои стратегии кои звучат ефикасно во теорија, често пати во пракса имаат негативни последици. Еве неколку типични грешки што ги прават современите менаџери, применувајќи теориско знаење на конкретна ситуација:
1. Преземање обврски
Добро е да се биде одговорен и совесен. Меѓутоа, ниту еден лидер нема да биде ефикасен доколку се затрупа со премногу обврски. Делегирајте дел од работите и фокусирајте се на најбитните работи, како што се развој на своите вработени и градење на односи.
2. Одговарање на прашања
За лидер е важно да е транспарентен. Меѓутоа, многу менаџери прават повеќе зло отколку добро со тоа што не ја поттикнуваат културата во која работниците се потпираат првенствено сами на себе. Кога вработените ќе побараат помош, пред да им понудите решение, побарајте од нив сами да го изнајдат. Така ќе ги научите да размислуваат.
3. Наградување на вработените
Полесно е да се наградат вработените затоа што послушале ваша наредба, наместо да бидат наградени затоа што биле отворени да видат нови можности. Наградете ги за иницијатива.
4. Тежнеење кон хармонија
Можеби мислите дека состанокот без дискусија на кој сите се согласуваат е подобар. Но, бидете реални, постојаното согласување на сите често е пречка за деловен успех. Некои менаџери премногу се трудат да ја сочуваат хармонијата во фирмата. Научете ги вработените како да се поврзат без оглед на тензиите и како да се израснат од една силна и здрава дискусија. Хармонијата не е секогаш најдобар пријател на вашата компанија.
5. Конструктивна критика
“Сендвич методата” на повратна информација, каде се мешаат критиките со пофалбите често не е ефикасна. Критиката на работата на вработенниот не е продуктивна, колку и да е конструктивна. Најдобар начин е да го прашате вработениот што би можел да направи подобро во конкретната ситуација. Вработениот сигурно ќе го знае одговорот.
6. Стопирајте го проектот
Стопирањето на проектот понекогаш е најдобра одлука кога работите ќе тргнат удолу. Но, многу често лидерите се одлучуваат на ваква одлука без да ги информираат останатите учесници во проектот и без никакво објаснување. Помогнете им на вработените да ја сфатат вредноста на својот труд, дури и кога ќе им го стопирате проектот. Ако не го сторите тоа, ќе ги деморализирате и тоа сигурно ќе има влијание на идните обиди.
7. Не ги задржувајте вработените на исти позиции
Тоа што не им дозволувате на вработените да преминат во друг оддел во компанијата е една од најдеструктивните работи за нивниот морал. Само затоа што се навикнале на своето работно место не значи дека на него се и најпродуктивни. Можете да направите јак оддел со вработување на најдобрите работници, но зошто не направите јака фирма дозволувајќи им на вработените да ги развијат своите вештини? Ако не им го дозволите тоа, тие кога тогаш ќе си заминат.