Холандија ќе праќа известувања за исчезнати деца преку банкомати

40

Холандија е првата земја во светот што ќе прикажува известувања за исчезнати деца на екраните на банкоматите. Таканаречениот систем Amber Alert којшто служи за дигитално известувања за исчезнување на малолетници преку телевизија, телефон, билборди за прв пат ќе биде имплементиран во банкомати (АТМ).

Во земјата веќе има 300 ATM уреди од производителот In2Retail, коишто почнаа да прикажуваа фотографии на исчезнати деца. Тие се инсталирани на одбрани локации како интернационални аеродроми (во Амстердам и Ротердам), некои национални аеродроми, големи шопинг центри и популарни туристички места.

Банкоматите ќе прикажуваат два вида на известувања, Amber – кога животот на детето е во директна опасност и Vermist Kind, специфичен за Холандија, – кога властите се загрижени за добросостојбата на исчезнато дете.

Системот Amber Alert започна да функционира во 90-тите години во САД, а денес го има во многу земји во светот, но најмногу во Северна Америка и Европа.

Фото: Amber Alert.eu