Бензинот поскапува од половина до еден денар за литар

58

benzin1-520x292Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините и дизелот се зголемуваат од половина до еден денар за литар.

Новата цена на Еуросупер БС-98 и Еуродизелот ќе биде повисока за половина денар и ќе изнесува 80,50 денари, односно 67,50 денари за Еуродизелот.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар за литар, така што новите цени ќе изнесуваат за Еуросуперот 79 денари, а за Екстра лесното 56,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,716 денари за килограм и ќе изнесува 41,517 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 2,18% или за 20,02 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 2,23% или 18,62 долари за тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,29% или за околу 13,25 долари за тон.